
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изрази подготвеност да се врати во репрезентацијата на Белгија по отсуството од јуни 2023 година поради несогласувања со тогашниот селектор Доменико Тедеско.
По назначувањето на новиот тренер Руди Гарсија, Куртоа изјави во интервју за „Си-Ен-Ен“ дека е отворен за враќање во составот на „црвените ѓаволи“.
Гарсија исто така изрази увереност дека Куртоа ќе се врати во тимот, истакнувајќи дека има позитивни знаци за тоа.
Се очекува Куртоа да биде вклучен во составот за претстојните натпревари во март, кога Белгија ќе се соочи со Украина во плејоф натпревари за задржување на местото во елитната дивизија на Лигата на нациите. Потоа следуваат и квалификациите за ЕП, во кои Белгија е во група со Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
