
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше по минималната победа на неговиот тим против Џенова со 1-0 во натпреварот од 26. коло на Серија А.
„Мора да им честитаме на Џенова и Виеира, бидејќи одиграа одличен натпревар. Не сум изненаден, бидејќи ги следев оваа сезона“, изјави Инзаги.
Интер не одигра убедливо, но голот на Лаутаро Мартинез беше доволен за враќање на „нероаѕурите“ на врвот на табелата.
„Сакам да ги пофалам и моите играчи, ова беше наш 37-ми натпревар оваа сезона, а оние кои настапуваа за своите репрезентации имаат уште повеќе одиграни минути. Покажавме голема решителност – секоја недела во Серија А гледаме дека нема лесни натпревари. Џенова имаше само една добра шанса, но Хозеп Мартинез имаше фантастична одбрана“, додаде Инзаги.
И покрај победата, Интер повторно покажа слабости во завршницата и реализацијата на шансите.
„Повторно создадовме многу можности и го тестиравме нивниот голман. Навистина сум среќен и ќе го кажев истото дури и да не победевме, затоа што играчите дадоа сè од себе“, заклучи тренерот на Интер.
Следната недела е клучна за „нероаѕурите“, кои ги очекува четвртфинале во Купот на Италија против Лацио, а потоа и директен дуел за првото место во Серија А против Наполи.
Наполитанците уште денеска можат да се вратат на врвот ако го совладаат Комо.
„Нашите навивачи видоа дека имавме одредени потешкотии, но ни дадоа поддршка. Имаме многу натпревари во следните три недели. Минатото коло претрпевме болен пораз, но сите работиме со иста цел и се надеваме дека ќе ги израдуваме нашите фанови“, заврши Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
