
Торино успеа да го совлада Милан со 2-1 во натпревар од 26. коло во Серија А, нанесувајќи им го шестиот пораз оваа сезона. За домаќините, во стартниот состав првпат се најде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој на теренот мина речиси еден час.
Riscaldamento e poi si parte! 💪 pic.twitter.com/ygbqVgZY0g
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) February 22, 2025
Дуелот започна со несреќна ситуација за „росонерите“, кога голманот Мајк Мењан и дефанзивецот Малик Тиао не се разбираа најдобро, што резултираше со автогол и предност за Торино од 1-0.
Мењан се обиде да расчисти, но топката се одби од неговиот соиграч и заврши во мрежата.
Милан веднаш реагираше и започна да врши притисок, создавајќи неколку шанси. Најдобрата ја имаше Кристијан Пулишиќ, кој во 32. минута не успеа да реализира пенал, откако Вања Милинковиќ-Савиќ маестрално го одбрани неговиот удар. На паузата, Торино замина со минимална предност.
Во вториот дел, Милан продолжи со нападите и конечно успеа да го најде патот до мрежата во 74. минута, кога Тијани Рајндерс со прецизен удар израмни на 1-1. Но, радоста на гостите траеше само две минути. Торино веднаш возврати преку Гвидас Гинеитис, кој погоди за конечни 2-1 и донесе голема победа за својот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
