Црвена Звезда пропушти голема шанса за нов триумф над вечниот ривал Партизан, откако „црно-белите“ со погодок во судиското надополнување успеаја да стигнат до реми (3-3) во второто овосезонско дерби во српскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски, кој пред неколку дена го засили Партизан, остана на клупата за резерви во текот на целиот натпревар.
Партизан ја замолкна „Маракана“ уште во осмата минута, кога Зубаиру се снајде во шеснаесетникот и од вториот обид ја испрати топката во мрежата за 0-1.
Во вториот дел следеше вистинска голеада. Најдобриот стрелец во лигата, Шериф Ендиаје, блесна со два брзи гола и донесе пресврт во корист на Црвена Звезда. Сепак, Партизан не се откажа – Ковач во 60. минута израмни на 2-2 и внесе нова неизвесност.
Само три минути подоцна, Иваниќ со убав гол повторно ја врати предноста на домаќините. Но во третата минута од судиското продолжение Партизан доби пенал, а Николиќ беше прецизен за конечни 3-3.
— OvoOno (@OvoOnoX) February 22, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













