
Арсенал ги разочара своите навивачи со неочекуван пораз од Вест Хем (0-1) во лондонското дерби, правејќи голем чекор назад во борбата за титулата во Премиер лигата.
„Топчиите“ немаа пораз на домашен терен уште од април 2024 година, кога загубија од Астон Вила, но не успеаја да ја продолжат позитивната низа.
Победничкиот погодок на „Емирати“ падна во 44. минута, кога Ван Бисака асистираше до Џеред Боувен, кој ја затресе мрежата на Арсенал.
Во второто полувреме ситуацијата дополнително се влоши за тимот на Артета поради црвениот картон на Луис-Скели.
Тотенхем убедливо го победи Ипсвич на гости со 1-4. Брајтон исто така славеше убедливо против Саутемптон со 0-4, а Вулверхемптон освои три бода со минимален триумф кај Борнмут (0-1). Фулам загуби на домашен терен од Кристал Палас (0-2).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
