
Астон Вила има интерес за летен трансфер на голгетерот на Порто, Саму Омородион. Младиот шпански талент се споменува како потенцијален наследник на Џон Дуран, кој во јануари беше продаден на Ал-Наср, пренесува „АС“.
Порто го доведе Омородион летово од Атлетико Мадрид за само 15 милиони евра, но напаѓачот експлодираше на „Драгао“ и стана вистинска гол-машина. Тој веќе има 19 голови и три асистенции на 30 натпревари за „змејовите“.
Оваа негов форма го привлече вниманието на Астон Вила, која веќе работи на негов ангажман. Сепак, трансферот на „Вила Парк“ нема да биде лесен. Во договорот на Омородион има ослободителна клаузула од 100 милиони евра, а Атлетико Мадрид сè уште поседува 50% од правата на играчот при следен трансфер. Ова значи дека Порто најверојатно нема да го продаде за помала сума.
Дополнителен проблем за Астон Вила претставува и фактот што младиот напаѓач е цел на неколку големи европски клубови, меѓу кои Барселона, Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
