
Поранешниот германски репрезентативен голман и поранешен претседател на Баерн Минхен, Оливер Кан, пристигна во Бордо за преговори околу преземањето на клубот, пренесува „Радио Монте Карло“. Францускиот гигант, кој се соочи со сериозни финансиски проблеми, беше административно префрлен во четвртата лига.
Кан, заедно со својот француски партнер Жак-Анри Ејро, поранешен претседател на Олимпик Марсеј, оствари средби во општината на Бордо.
„Ова е сериозен состанок со сериозни луѓе кои имаат јасни намери“, изјави Кристин Бост, претседателка на Општинскиот совет во Бордо.
Градскиот стадион во Бордо, изграден за Европското првенство 2016, е во сопственост на Општината. Кан и Ејро треба да имаат средба и со градоначалникот Пјер Јурмик.
55-годишниот Кан, кој има 86 настапи за германската репрезентација и 632 за Баерн Минхен, во јануари за „Билд“ потврди дека има интерес за Бордо, но тогашните преговори беа во почетна фаза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
