
Челси оваа сезона има најмногу проблеми во одбраната, која, заедно со онаа на Манчестер Сити, е меѓу најлошите во Премиер – лигата од тимовите што се борат за место во Лигата на шампионите. Раководството на клубот го гледа решението во стоперот Марк Гуехи (24), кого го продаде на Кристал Палас во 2021 година, објавија британските медиуми.
Марк Гуехи е продукт на академијата на Челси, но во јули 2021 година беше продаден на Кристал Палас за 23 милиони евра. Оттогаш неговата кариера бележи подем – во март 2022 дебитираше за англиската репрезентација и стана нејзин стандарден член. Минатото лето Њукасл беше заинтересиран да го доведе, но високата цена го спречи трансферот. Во последниот зимски преоден рок, Геи повторно беше барана цел, но Кристал Палас ги одби понудите од Челси и Тотенхем.
Гуехи има договор со Кристал Палас до јуни 2026 година, а клубот од „Селхарст Парк“ бара 85 милиони евра за неговиот потпис. Според британските медиуми, Палас нема намера да ја намали цената и ќе бара ист износ и во летниот преоден рок.
Тренерот на Челси, Енцо Мареска, силно инсистира на неговото ангажирање, верувајќи дека Гуехи ќе биде лидер на одбраната. Поради тоа, медиумите предвидуваат дека Челси ќе ја прифати високата сума што ја бара Кристал Палас ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
