
Жозе Мурињо, еден од најистакнатите фудбалски тренери во изминатите две децении, гостуваше во подкастот на неговиот поранешен играч, Џон Оби Микел, каде што одговори на неколку интересни прашања. Едно од нив беше кој, според него, е најдобриот тренер во светот.
Микел претпостави дека Мурињо ќе избере меѓу Сер Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола и директно му го постави тоа прашање.
„Фергусон или Пеп? Не можете да ги споредувате. Тоа се различни генерации и различни фудбалски пристапи. За Премиер – лигата, двајцата се легендарни, но според мене, најголемата фигура во историјата на лигата е Клаудио Раниери. Тој стана шампион со Лестер, што беше најневеројатниот момент во историјата на Премиерлигата“, изјави Мурињо.
„Освојувањето повеќе трофеи со Манчестер јунајтед или Манчестер сити е импресивно, но тоа што Раниери го направи со Лестер е нешто што не може да се спореди. Тоа е најголемото освојување на лига што сум го видел во мојот живот“, истакна Португалецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
