Робин Ван Перси ќе биде новиот тренер на Феенорд, клубот каде што ја започна и заврши својата играчка кариера. Тој ќе го замени Паскал Босхарт, кој како привремен тренер го стабилизираше тимот по отпуштањето на Бриан Приске и успеа да го елиминира Милан во Лигата на шампионите.
Во моментов, 41-годишниот Ван Перси е главен тренер на Херенвен, позиција што ја презеде во мај 2024 година. Неговиот асистент во Феенорд ќе биде Рене Хаке, кој претходно ја извршуваше истата улога во Манчестер Јунајтед за време на мандатот на Ерик тен Хаг. Двајцата ќе потпишат договори со важност до 2027 година.
Ова назначување претставува значаен чекор во тренерската кариера на Ван Перси, кој по завршувањето на играчката кариера во 2019 година, работеше како тренер во младинскиот погон на Феенорд, пред да стане главен тренер на Херенвен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













