Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, беше разочаран по поразот со 1-3 од ПСВ Ајндховен и испаѓањето на неговиот тим од Лигата на шампионите уште пред осминафиналето. Стратегот призна дека неговиот тим мора да игра подобро за да биде на потребното ниво во ова натпреварување.
„Имавме потешкотии во второто полувреме, но сепак успеавме да израмниме во толку важен момент. Затоа е разочарувачки што не успеавме да го задржиме резултатот. Во првото полувреме ја контролиравме играта. Тие вршеа притисок, но ние ја погодивме стативата. Знаевме дека ПСВ е квалитетен тим во нападот, но не очекувавме толку силен притисок. Не можеме да бидеме задоволни од двата примени гола, особено затоа што знаевме какви промени да очекуваме. Бакајоко им овозможи подобро да ја контролираат топката на нашата половина. Мора да играме подобро ако сакаме да се натпреваруваме на ова ниво. Во одредени моменти бевме во игра, но во други противникот беше подобар. Знаевме дека ПСВ ќе атакува, но не успеавме да направиме вистинските работи за да ги запреме“, смета Мота.
И среќата не беше на страната на торинците оваа вечер, бидејќи мораа да направат три присилни замени.
„Копмајнерс имаше температура, па побара замена. Потоа го преместив Камбијасо во средината до Кефрен, но и тој побара замена, бидејќи до неодамна се опоравуваше од повреда и не се чувствуваше добро. Сите наши измени беа присилни. Не сметам дека направив промени предоцна. Пред првиот гол сакав да внесам повеќе енергија во тимот, но тогаш израмнивме и решив дека е подобро да го зачуваме балансот. Мислам дека направив промени во вистинските моменти“, додаде Бразилецот.
„Вистина е дека противникот вршеше поголем притисок, но и ние имавме добри шанси, како стативата на Влаховиќ. Натпреварот беше отворен до самиот крај. Не сметам дека пропуштивме пласман. Се боревме до самиот крај, но за жал не бевме доволно силни во текот на целиот натпревар, а ПСВ заслужи да оди понатаму“, заклучи стратегот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













