
Реал Мадрид и Пари Сен Жермен доминантно се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, а ПСВ Ајндховен и Јувентус ќе играат продолженија.
„Кралевите“ го победија Манчестер Сити со 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот и го елиминираа „стариот познаник“ во ЛШ. Херој беше Килијан Мбапе кој постигна хет-трик за еден час. Тој погоди во четвртата минута за водство, во 33.минута уште еднаш мајсторски ја затресе мрежата на „граѓаните“, а во 61.минута комплетираше хет-трик. Манчестер Сити успеа да постигне почесен гол преку Нико Гонзалес во 92.минута. Мора да се напомене дека за Сити не настапија Ерлинг Халанд и Кевин де Бруин, кои останаа на клупата за резерви.
Пари Сен Жермен го растури Брест на домашен терен со 7-0. Баркола, Кварацкелија, Витиња, Дуе, Мендеш, Рамош и Мајулу.
ПСВ и Јувентус ќе играат продолженија, откако во регуларниот тек мечот заврши 2-1, идентично како што славеше и италијанскиот тим во Торино. Перишиќ во 53.минута донесе водство за ПСВ, а израмни Тимоти Веа десет минути подоцна. Сепак, ПСВ дојде до победа од 2-1 со голот на Саибари во 74.минута и обезбеди продолженија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
