
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, го посочи Адемола Лукман како главен виновник за испаѓањето на тимот од Лигата на шампионите. „Бергамаските“ загубија на домашен терен од Бриж со 1-3, а нигерискиот напаѓач го постигна единствениот гол за својот тим на почетокот од второто полувреме, но подоцна промаши пенал.
„Лукман не требаше да го изведува пеналот, тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел. Ретко погодува, дури и на тренинг. Ретеги и Де Кетеларе беа таму, но Лукман, во налет на ентузијазам по неговиот гол, реши да шутира од белата точка, и тоа воопшто не ми се допадна“, изјави бесниот Гасперини по натпреварот.
Лукман и претходно имал неуспеси при изведување на пенали, но оваа сезона Матео Ретеги промаши против Арсенал и Торино во натпревари што завршија 0-0, а Марио Пашалиќ не успеа да реализира во поразот од 1-2 против „биковите“.
Гасперини не го поштеди од критики ниту капитенот на Аталанта, Рафаел Толој, кој доби црвен картон во финишот на мечот откако физички се пресмета со Максим Де Кајпер од гостинскиот тим.
„Тоа беше грдо однесување. Никогаш не смееме да ги губиме нервите на ваков начин. Мораме да го напуштиме турнирот со кренати глави, бидејќи одигравме одлични натпревари против тимови како Реал Мадрид, Арсенал и Барселона“, подвлече Гасперини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
