
Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити утревечер ќе го одиграат реваншот од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите. Натпреварот во Мадрид ќе го даде одговорот кој од двата гиганти ќе се пласира меѓу најдобрите 16 екипи во најсилното европско клупско натпреварување. По поразот од 2-3 во првиот меч, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим има минимални шанси за пласман понатаму.
„Шансата да победиме на „Бернабеу“ е минимална, сите го знаат тоа. Не можам точно да кажам во проценти, но би рекол дека е помала од 1%. Причината е што резултатот од првиот натпревар не беше поволен за нас. Пет минути пред крајот водевме со 2-1, но загубивме со 2-3, па нашите опции се намалени“, изјави Гвардиола и додаде: „Ќе се обидеме да ги искористиме шансите што ќе ги добиеме и ќе видиме каде ќе нè одведе тоа.“
Прес-конференција одржа и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој смета дека Гвардиола не е искрен во своите изјави.
„Да бидеме искрени, не мисли тој навистина така. Ќе го прашам пред натпреварот дали навистина верува дека имаат само 1% шанса за пласман. Всушност, знае дека шансите му се поголеми, што е сосема нормално. Ни ние не мислиме дека имаме 99% шанси. Веруваме дека имаме мала предност и мораме да ја искористиме. Сакаме да одиграме слично како во првиот натпревар“, изјави италијанскиот стратег.
„Знаеме што значат овие натпревари, каде што сè е на коцка во 90 минути. Психолошкиот аспект е клучен. Не можам да им кажам на моите играчи дека немаме предност. Треба да пристапиме кон мечот како да е изедначен или како да губиме. Никој нема да ви верува ако кажете нешто друго“, додаде тренерот на Реал Мадрид.
Реал ја доби првата средба со голови на Килијан Мбапе, Брахим Дијаз и на Џуд Белингам, додека двата гола за тимот на Гвардиола ги постигна Ерлинг Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
