
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, стана сопственик на фудбалски клуб во Португалија. Ѕвездата на „кралевите“ и неговото семејство купиле околу 80% од акциите на португалскиот второлигаш Алверка, информира „УОЛ“.
Алверка, кој ги игра своите домашни натпревари на стадион со капацитет нешто помал од 8.000 гледачи, е еден од главните кандидати за промоција во елитата на Португалија.
По одигрување на 22 натпревари од почетокот на сезоната, тимот се наоѓа на второто место на табелата со 38 бодови, два помалку од лидерот Тондела.
Според информациите, Винисиус Жуниор платил околу 8 милиони евра за акциите на португалскиот второлигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski