
По поразот од Рома (0-1) и седум натпревари без победа, раководството на Парма донесе одлука да го отпушти тренерот Фабио Пекија.
Парма се наоѓа на 18-то место во Серија А, во опасната зона за испаѓање.
Минатата сезона, Пекија ја врати Парма во елитата, но слабите резултати оваа сезона доведоа до неговото отпуштање, и покрај тоа што во октомври потпиша нов договор.
Кристијан Киву треба да го преземе кормилото на Парма. 44-годишниот романски стратег досега работеше во младинската академија на Интер, но ја напушти ова лето. Сега ќе има задача да ја врати Парма на победнички пат.
Киву треба да потпише договор на 1,5 година, а главната цел ќе биде да ја извлече Парма од опасната зона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal