
Алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Лил, Набил Бенталеб, се врати на фудбалските терени на спектакуларен начин, постигнувајќи гол во својот прв официјален натпревар по долгата пауза. Во јуни минатата година, тој доживеа срцев удар додека играше мал фудбал, што го доведе во неизвесна ситуација во однос на неговата кариера.
По итната операција, во која му беше вграден електростимулатор, многу француски медиуми прогнозираа дека можеби никогаш нема да заигра професионален фудбал. Неговиот живот најверојатно беше спасен благодарение на брзата реакција на неговите пријатели, кои веднаш му пружија прва помош со масажа на срцето и употреба на дефибрилатор.
Nabil Bentaleb voltou a jogar oito meses após sofrer um ataque cardíaco, marcou um golo decisivo para a vitória do Lille e foi eleito o melhor em campo.
— B24 (@B24PT) February 16, 2025
Futebol. ❤️ pic.twitter.com/KD2VQX4wkW
По осуммесечна пауза, Бенталеб конечно доби дозвола за играње од Фудбалската федерација на Франција, а неговото враќање беше совршено – постигна гол само четири минути по влегувањето во игра како замена, во натпреварот меѓу Лил и Рен (2-0).
„Ова беше неверојатен момент за мене. Минувам низ огромни промени – од тоа да имам сè, до ситуација кога немав ништо. Но, верував дека ќе постигнам гол кога беше изведен корнер“, изјави емотивниот Бенталеб, кој го прослави погодокот со трчање кон клупата и прегрнување на тренерот и соиграчите.
Тренерот на Лил, Бруно Џенезио, беше воодушевен од неговото враќање:
„Ова е вистинска филмска приказна. Набил го заслужи овој момент. Јас не верувам во среќа, но тој веруваше во себе. Ова е еден од оние моменти што ја дефинираат сезоната и ќе остане запаметен во историјата на клубот и во неговите спомени“, изјави Џенезио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
