Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, доби суспензија од два натпревари поради исклучувањето за време на дербито против Евертон. Главниот судија, Мајкл Оливер, му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден речник“.
Поради оваа суспензија, Слот нема да може да го води тимот на претстојните домашни натпревари против Вулверхемптон и Астон Вила. Ова е второ исклучување за Слот оваа сезона, откако претходно доби црвен картон против Фулам, кога беше суспендиран на еден натпревар.
И неговиот помошник, Сипке Хулсхоф, доби црвен картон поради учество во мешаницата што настана по натпреварот, кога Евертон израмни на 2-2 во осмата минута од судиското продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













