
Динамо Загреб со победа од 3-0 над Шибеник остана во трката за титулата во хрватското првенство, но триумфот дојде потешко од очекуваното.
Иако „модрите“ одиграа слабо прво полувреме, во кое Шибеник имаше неколку одлични шанси, Динамо успеа да поведе со многу среќа од првиот удар кон голот. Во вториот дел, клучната фигура беше Арбер Хоџа, кој постигна гол и забележа асистенција, осигурувајќи ја победата.
По натпреварот, тренерот Фабио Канаваро ја нагласи важноста на освоените три бода, но најмногу внимание привлече неговиот коментар за Стефан Ристовски. Македонскиот дефанзивец, при замената, остави впечаток дека не му подал рака на Канаваро, но Италијанецот тоа го сфати на шеговит начин:
„Не, не, ми ја подаде раката. Ако не ми ја подадеше, ќе го убиев! Ха, ха, ха… Но, скрши шише кое ќе мора да го плати“, изјави Канаваро низ смеа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
