Connect with us

Станиќ после ждребот: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска со ждреб во седиштето на УЕФА, Нион, ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија.

Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.

Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае сѐ до ноември 2026. Домаќините на претстојното Европско првенство , Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.

„Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни. Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација.

Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалификации. Битно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место.

Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија“, изјави новиот селектор на Македонија У21, Горан Станиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови