
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо даде интересни изјави во подкастот „Ла Секста“, каде зборуваше за својата кариера и самоуверено истакна дека е најдобриот фудбалер во светот. Не знае ниту кој би можел да го наследи.
Во моментов е член на Ал-Наср од Саудиска Арабија, а Роналдо вели дека е среќен во оваа земја.
„Тука сум веќе две години и уживам. Ми се допаѓа животот овде, се чувствувам одлично. Јас сум човек што сака предизвици, нови искуства, не бегам од нив. Кога дојдов, знаев малку за лигата, но ја избрав свесно. Најважно ми беше да бидам со семејството и сите да бидеме среќни“, изјави Роналдо.
Португалецот е блиску до неверојатната бројка од 1.000 постигнати голови во кариерата. Но, вели дека и без тоа е најдобар во историјата.
„Сите зборуваат за тие фамозни илјада голови, но јас не мислам на тоа. Бидејќи тоа едноставно ништо не менува. Јас сум најдобриот во историјата, и точка“, истакна Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Талески: Брера не смееме да ја потцениме

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
