
Покрај загубените двa бода за Арсенал во ремито (2-2) со Астон Вила, уште една лоша вест за Микел Артета е повредата на дефанзивецот Вилијам Салиба.
Салиба не беше во составот на „топчиите“ откако заработи повреда при победата од 2-1 над Тотенхем во средината на неделата. Французинот е клучен дел од одбраната на Арсенал, а неговото отсуство поради повреда на грбот во втората половина од сезоната 2022/23 ги поткопа шансите на тимот да остане конкурентен со Манчестер Сити во трката за титулата.
„Мислам дека утре ќе имаме повеќе информации. Ќе направиме повеќе тестови и ќе бидеме посигурни во врска со ситуацијата. Секако, загрижени сме, особено гледајќи ја нашата клупа за резерви. Многу сум загрижен“, изјави менаџерот Артета.
Арсенал водеше со 2-0 против Астон Вила, но тимот од Бирмингем успеа да израмни со голови на Јури Тилеманс и на Оли Воткинс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
