Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази задоволство по важната победа од 2-3 против Аталанта во спектакуларен натпревар од 21-то коло на Серија А. Успехот го зацврсти Наполи на врвот на табелата со предност од шест бода пред второпласираниот Интер, иако „нероаѕурите“ имаат два натпревари помалку.
„Пред натпреварот предупредив дека Аталанта значително напредна. Не смееме да заборавиме дека пред неколку месеци тие ни дадоа три гола на наш терен. Овој натпревар беше сосема поинаков. Тогаш кажав дека ќе се подобриме, но не очекував дека толку брзо ќе се сретнеме повторно со овој противник“, изјави Конте.
И покрај победата, Конте ги истакна предизвиците со кои се соочува тимот.
„Имаме проблеми со повреди и со трансфер пазарот. Овие околности би можеле да го скршат секого, но ние успеваме да издржиме. Тимот научи како да се справува со тешкотиите, а индивидуалниот напредок на играчите ни овозможува да растеме како колектив“, додаде тренерот.
Сепак, и покрај предноста, Конте остана реален во однос на трката за титулата, бидејќи Интер допрва треба да одигра два одложени натпревари кои можат да ја намалат разликата во бодовите.
„Не се жалиме, туку продолжуваме напорно да работиме. Играчите кои се подготвени да дадат сè од себе се клучот за нашиот напредок“, заврши Конте.
Оваа победа ги зацврсти позициите на Наполи како сериозен кандидат за Скудетото, но со оглед на конкуренцијата од Интер и другите тимови, борбата во Серија А ветува дека ќе биде возбудлива до самиот крај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













