Connect with us

Ханси Флик: Требаше да бидеме поефикасни, затоа не победивме

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази незадоволство по ремито 1-1 против Хетафе во натпревар од 20. коло на Ла Лига, резултат кој претставува нов удар за амбициите на клубот во трката за шампионската титула. Барселона повторно не успеа да го пробие отпорот на цврсто организираниот тим на Хетафе.

„Хетафе е тим кој добро се брани, а ние не бевме доволно ефикасни во нападот. Имавме шанси, особено во првото полувреме, но ни недостигаше прецизност во додавањата пред голот. Се надеваме на победа, но не успеавме да постигнеме повеќе голови, што е разочарувачки. Мораме да продолжиме напред и да работиме на подобрување на завршницата“, изјави Флик.

Освен критиките за играта, Флик го осуди и несоодветното однесување на дел од навивачите на Хетафе, кои, според него, ја преминале границата на спортскиот дух.


„Стадионот бурно реагираше на секоја епизода, но тоа што го видов е неприфатливо. Расистичките испади немаат место ниту во фудбалот, ниту во животот. Оние што се однесуваат така треба да останат дома. Сите заедно мора да се бориме против ваквото однесување“, категоричен беше Флик.

Со ова реми, Барселона направи нов резултатски „кикс“, кој може скапо да ги чини во борбата за шампионската титула. Додека Хетафе продолжува да биде незгоден противник, за Барселона останува предизвикот да го врати победничкиот менталитет и да ги искористи шансите во следните натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови