
Наполи перфектно го одработи дербито против Аталанта (2-3) во Бергамо, иако остана без својот клучен играч, Квича Кварацкелија, кој направи трансфер во ПСЖ. Тимот покажа голема борбеност и стигна до важна победа, која ја продолжи лошата серија на Аталанта од пет натпревари без триумф.
Домаќините поведоа во 16. минута преку Ретеги, но Наполи успеа да одговори до крајот на првото полувреме. Политано и Мектоминеј реализираа и направија пресврт за 1-2. Во второто полувреме, Лукман донесе израмнување за Аталанта, но гостите ја задржаа својата концентрација. Одлучувачкиот момент дојде во 78. минута, кога Лукаку постигна гол за 2-3, обезбедувајќи три бода за Наполи.
Со оваа шеста последователна победа, Наполи останува на врвот на табелата со 50 бода, шест повеќе од второпласираниот Интер, кој има два натпревари помалку. Аталанта, пак, останува трета со 43 бода

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?
