
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на излезна врата на Јувентус и сигурно ќе го напушти клубот во наредниот период, а новата дестинација би можела да биде Милан.
Според италијанскиот новинар Себастијан Сарно, управата на Милан започнала разговори со Јувентус за потенцијален трансфер на 24-годишниот напаѓач. Иако сè уште нема официјална понуда, се очекува таа да пристигне до крајот на јануарскиот преоден рок или најдоцна следното лето.
Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 2026 година, наводно е заинтересиран да остане во Италија, а Милан е сериозна опција за него. Во текот на првичните разговори меѓу двата клуба, споменат е и евентуалниот интерес на Јувентус за дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
