Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 6. КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА!

Тиквеш продолжува со одличниот ритам во Втората лига – Исток каде, со новата победа, веќе се издвојува како нескриен најсериозен кандидат за прволигашката промоција. Беласица веќе е во победнички налет, а Брегалница не успеа да стигне до целиот плен на гостувањето против Кит Го. На Западот далеку понеизвесно на секој натпревар. Лабуништа не успеа да слави против Охрид, Велазерими го победи Скопје е Пелистер одржува ритам со победите.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 6. коло од двете второлигашки конкуренции…

1. АЛЕКСАНДАР ИГЕСКИ (ТИКВЕШ)

Повторно одличен натпревар за Игески кој не дозволи погодок во сопствената мрежа, па на крајот Тиквеш славеше и на гостувањето против Каменица Саса.

2. АЛЕКСАНДАР МИЛУШЕВ (БЕЛАСИЦА)

Еден од најдобрите поединци во редовите на Беласица, стрелец и на еден погодок во убедливата победа од 3-0 против Осогово.

3. ВАНЧЕ ШИКОВ (ТИКВЕШ)

Стандардно сигурен во составот на кавадарчани, комплетен контролор на одбраната на Тиквеш на секој дуел.

4.  ИЛЕ СИНЕВ (КИТ ГО)

Одличен меч за дефанзивецот на Кит Го кој умешно неутрализираше бројни напади на Брегалница, значајно придонесувајќи за ремито на својот тим.

5. МАРТИН ЛЕКОСКИ (ОХРИД)

Охрид дојде до првиот бод сезонава и тоа благодарение на одбраната која успеа да ги запре нападите на Лабуништа. Тука одличен Лекоски на централната дефанзивна позиција.

6. АЛЕКСАНДАР НЕДАНОСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Еден од најдобрите поединци во составот на Пелистер кој дојде до значајна гостинска победа од 1-2 против Кораби. Стрелец на еден од двата погодоци за битолчани.

7. АГРОН ШЕФИТИ (ДРИТА)

Творецот на победата на Дрита, стрелец на единствениот гол за триумф против Вардар Форино.

8. ДИМИТАР ИВАНОВ (ТИКВЕШ)

Максимално активен во составот на Тиквеш, стрелец на голот кој донесе значајни три бода за кавадарчани од тешкото гостување во Македонска Каменица.

9. БЛАГОЈА ГЕШОСКИ (ПОБЕДА)

Стрелец на двата гола за триумфот на Победа против Питу Гули, со што прилепчани се издвоија од дното на табелата.

10. БЛАГОЈЧЕ ГЛАВЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Со погодок партиципираше во победата на Пелистер на гостувањето против Кораби.

11. МРЃИМ ДАНИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)

Ја донесе победата за Велазерими во пресметката против Скопје. Стрелец на голот за големи три бода на кичевци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови