Пелистер продолжува со победите во Втората лига – Запад, славејќи со 3-1 пред своите навивачи против Велазерими во 7. коло.
Пелистер до победата над Велазерими од 3-1 дојде со головите на Бујчевски од пенал во првото полувреме, и двата гола на Благојче Главевски во вториот дел.
Лабуништа триумфираше со пресврт против Гостивар. Гостите имаа предност со голот на Реџепи по првото полувреме, но Лабуништа со головите на Сунај Хасан во 77. минута и Петар Љамчевски во 85. минута дојде до посакуваните три бода.
Вардар Форинот славеше убедливо со 4-1 против Охрид, а Кадино исто така убедливо со 3-1 славеше против Кораби. Скопје загуби од Дрита пред своите навивачи со 0-1.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (7. КОЛО)
ПЕЛИСТЕР – ВЕЛАЗЕРИМИ 3-1
КАДИНО – КОРАБИ 3-1
ЛАБУНИШТА – ГОСТИВАР 2-1
ВАРДАР ФОРИНО – ОХРИД 4-1
СКОПЈЕ – ДРИТА 0-1
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski