
Манчестер Сити се подготвува да донесе нов голман од летото 2025 година, откако сегашниот прв голман Едерсон најави дека ќе го напушти клубот. Според италијанските медиуми, замената за него ќе пристигне од Јувентус.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, го избрал Микеле Ди Грегорио како ново засилување за голманската позиција.
Ди Грегорио моментално е дел од Јувентус, каде што пристигна минатото лето на позајмица од Монца. Јувентус има обврска да плати 14 милиони евра на Монца до крајот на сезоната за да го откупи договорот на голманот.
Интересно е што Ди Грегорио е производ на академијата на Интер и го поминал својот развој во нивниот младински систем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
