
Манчестер Сити направил втор обид да го купи Родриго од Реал Мадрид, пренесува „Релево“. „Граѓаните“ биле подготвени да го „позлатат“ Бразилецот, нудејќи му многу примамлива понуда.
Сепак, Родриго веднаш одговорил дека сака да остане во Мадрид и повторно ја одбил понудата на Манчестер Сити.
Не е тајна дека Родриго не беше задоволен од тоа што на крајот од минатата сезона остана во сенка на Винисиус Жуниор и на Џуд Белингам. Покрај тоа, бразилскиот крилен напаѓач се соочи и со лични проблеми во тој период.
Летово на „кралевите“ им се приклучи уште една голема ѕвезда, Килијан Мбапе, но и покрај тоа, 23-годишниот Родриго нема желба да го напушти Реал и ќе се стреми да добие поголема минутажа.
Мадридскиот клуб, исто така, не сака да се раздели со Бразилецот.
Во последните три натпревари, Родриго постигна три гола и оствари две асистенции, но претходно во сезоната мораше да помине низ некои од најтешките месеци во својата кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
