
Челниците на Манчестер Јунајтед контактирале со претставниците на Виктор Осимен за да ги истражат можностите за потенцијален трансфер на играчот на „Олд Трафорд“. Според британските медиуми, клубот се обидел да дознае дали постои простор за намалување на сегашната трансферна клаузула од 62 милиони фунти за нигерискиот напаѓач.
Осимен моментно е на позајмица во Галатасарај од Наполи, откако беше изоставен од плановите на Антонио Конте минатото лето. Интерес за него, покрај Манчестер Јунајтед, покажуваат и ПСЖ и Јувентус, но овие клубови најверојатно ќе направат потег дури во летниот трансферен прозорец. ПСЖ се очекува да достави понуда веќе во јануари, додека Манчестер Јунајтед би можеле да го финансираат трансферот доколку се разделат со Маркус Рашфорд, кој моментно се проценува на околу 60 милиони фунти.
Иако Осимен е примамлива опција, Манчестер Јунајтед исто така се фокусира на зајакнување на левата страна од одбраната. Како приоритет се наведува Патрик Доргу од Лече, чија вредност е проценета на околу 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
