
Италијанскиот калчолигаш Јувентус конечно ја прекина серијата на реми исходи и забележа победа, совладувајќи ја Монца со 1-2 во 17. коло на италијанската Серија А.
Сепак, оваа победа не го подобри нивниот пласман, бидејќи „бјанконерите“ остануваат на шестото место на табелата.
Тренерот Тијаго Мота изјави дека ќе ја анализира табелата дури на крајот од сезоната и ги потсети играчите дека мора да се подготвуваат максимално за секој нареден натпревар.
„Секогаш се бориме против тимови кои играат дефанзивно и се потпираат на контранапади. Требаше да го затвориме натпреварот порано – тоа е дел од процесот на развој. Ако не го направиме тоа, преземаме дополнителни ризици против вакви противници и им дозволуваме да нѐ казнат со контранапади. Во второто полувреме, додека водевме, не игравме доволно добро во преодните фази, иако имавме можности да се справиме подобро. Табелата ќе ја погледнеме дури на крајот од сезоната. За сега, ќе играме натпревар по натпревар и ќе се обидеме да постигнеме максимални резултати во секој од нив“, изјави Мота.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
