Фудбалската репрезентација на Македонија го доби ривалите за квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Нашата репрезентација беше во третиот шешир, а за противници ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во групата Ј.
На ждрепката во Цирих присуствува селекторот Благоја Милевски и актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини.
Само победниците од секоја група ќе се пласираат директно на Светското првенство. Второпласираните 12 репрезентации, заедно со четирите најдобри од Лигата на нациите, ќе играат баражи за преостанатите места.
Македонија, во квалификациите за СП 2022, успеа да заврши како второпласирана во групата зад Германија, што ѝ овозможи да игра бараж. Ја совладавме Италија, но во финалниот бараж бевме поразени од Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













