Манчестер Јунајтед покажува интерес за голгетерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, пренесува „Скај Спортс“.
23-годишниот фудбалер е една од неколкуте опции на листата на „црвените ѓаволи“ за нов напаѓач со број „деветка“, а можно е да поднесат понуда следното лето. Сепак, трансферот нема да биде евтин, бидејќи Бонифејс има договор со германскиот тим до крајот на сезоната 2027/28.
Бонифејс ја продолжува својата импресивна форма во Бундес-лигата оваа сезона, постигнувајќи шест голови на десет натпревари. Но, повредата што ја доби за време на репрезентативните настапи со Нигерија значи дека ќе биде надвор од терените до јануари.
Манчестер Јунајтед итно бара засилување во нападот, бидејќи Расмус Хојлунд и Џошуа Зиркзе продолжуваат да разочаруваат со своите настапи. Покрај Бонифејс, друг кандидат е и Виктор Ѓокереш од поранешниот тим на новиот менаџер Рубен Аморим, Спортинг Лисабон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи













