Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев е задоволен од досегашниот тек на подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Грнев верува дека тимот ќе биде максимално подготвен за сите предизвици кои го очекуваат во продолжението од шампионатот.
„Навистина сум задоволен како течат подготовките низ овие 20 дена во новата година. Играчите се свесни што не очекува во пролетниот дел од сезоната, па максимално сериозно пристапуваат на секој тренинг. Тоа е очигледно“ – вели Грнев, сумирајќи ги првите впечатоци од досегашниот тек на подготовките.
Кит Го во првиот пријателски натпревар зимава славеше на гостувањето во Гевгелија против Кожуф со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше засилувањето од Брегалница, Тони Мичковски.
„Задоволен сум како одигравме на првиот пријателски натпревар против Кожуф кој заслужено го заокруживме со победа. Дополнителен тест ќе биде сега натпреварот со Беласица во петок, а потоа за нас клучни ќе бидат подготовките во Анталија каде преку оние четири планирани пријателски натпревари треба да ја темпираме формата за вториот дел од шампионатот“ – вели Грнев.
Натпреварот со Беласица во петок (31. јануари) ќе се игра во Дојран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













