
Интер потврди дека дефанзивецот Франческо Ачерби се здоби со повреда за време на победата со 5-0 над Верона, кога беше заменет уште во 15. минута од Стефан де Фрај.
Денешните медицински прегледи на 36-годишниот фудбалер покажаа дека има истегнување на мускулот на десната нога, а неговата состојба ќе се следи секојдневно.
Ачерби сигурно ќе го пропушти дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите, а ќе се обиде да се врати за гостувањето кај Фиорентина овој викенд. Сепак, поверојатно е дека ќе се врати за следниот натпревар во првенството против Парма на 6 декември.
Искусниот дефанзивец е еден од клучните играчи во тимот на Симоне Инзаги и оваа сезона има одиграно 11 натпревари и забележано една асистенција. Минатиот месец тој пропушти три натпревари на Интер, повторно поради слична повреда.
Во меѓувреме, под голем знак прашалник за натпреварот со Лајпциг е и играчот за врска Давиде Фратези, кој ја пропушти денешната тренинг-сесија поради силно воспаление на левиот скочен зглоб.
Од друга страна, на располагање на Инзаги ќе бидат напаѓачот Лаутаро Мартинес и играчот за врска Хакан Чалханоглу, кои го пропуштија последниот натпревар на „нероаѕурите“ поради болест и повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
