
Еден од клубовите со најголема традиција во македонскиот фудбал, Беласица, добива нови сопственици од Турција. Според информациите, нов сопственик на струмичкиот клуб е Еврен Турхан, поранешен турски фудбалер, кој има настапувано и за Галатасарај, а има и два натпревари во репрезентацијата на Турција.
Делегацијата од Турција денеска била во Струмица и потпишала договор за преземање на клубот.
Првично, планот е Беласица да успее да се консолидира и да се наметне како еден од поквалитетните тимови во Втората лига, а од следната сезона и да напаѓа влез во македонската елита.
Претходно, турски сопственици во Македонија добија Гостивар, Работнички, Шкупи и Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
