
Низ уште едно убедливо издание, по квалитетната претстава на првиот тест дуел зимава против Борец во Велес, фудбалерите на Брегалница денеска славеа со 0-2 во Битола на пријателскиот натпревар против Пелистер.
На стадионот „Под Тумбе Кафе“, штипските „сините“ доминираа во текот на сите 90 минути за сосема заслужена победа. Предноста на Брегалница дојде по само 20 минути игра кога Мартин Стојанов постигна одличен погодок по центаршутот од левата страна на Филип Миленковски. Конечните 0-2 ги постави Пепи Ѓоргиев од пенал во 67. минута од средбата.
Ова беше последна контрола за избраниците на Добринко Илиевски пред заминувањето в недела (2. февруари) за Анталија каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките за вториот дел од шампионатот во Втората лига – Исток.
Беласица и Кит Го, пак, ремизираа без голови на тест дуелот кој се одигра на спортскиот центар „Истатов“ во Нов Дојран.
По оваа пресметка, и фудбалерите на Кит Го в недела заминуваат на подготовки во Анталија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
