
Челси постави цена од 120 милиони евра за играчот од средниот ред Енцо Фернандез, а Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата и покажува голем интерес.
Според медиумите на Островот, Челси го известил шпанскиот гигант за сумата што ја бара за аргентинскиот играч од средниот ред. Реал Мадрид има потреба од засилување во средниот ред и го идентификувал Аргентинецот како потенцијална опција.
Со приближувањето на пензионирањето на Лука Модриќ и нецелосното вклопување на Аурелиен Чуамени, „кралевите“ бараат играч кој ќе може да ја контролира играта и да го диктира темпото на тимот.
Фернандез, кој има 23 години, долго време е во фокусот на интересот на Реал Мадрид. Тие се обидоа да го потпишат уште кога беше дел од Ривер Плата, пред неговиот трансфер во Бенфика.
Ситуацијата на Енцо Фернандез во Челси би можела да го направи трансферот уште поверојатен, бидејќи иако е одличен играч, не добива доволно минутажа под водство на Енцо Мареска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
