Полскиот напаѓач на Јувентус, Аркадиуш Милик, доби дозвола да започне со тренинзи по операцијата на коленото што ја имаше во октомври. Според италијанските медиуми, 30-годишниот Милик поминал нови прегледи во клиника во Рим, каде што беше извршена и операцијата.
Резултатите од последните тестови се позитивни, што му овозможува на фудбалерот да започне со лесни тренинзи. Сепак, ќе бидат потребни уште три до четири недели пред да се врати на теренот, но досегашното негово закрепнување е побрзо од првичните прогнози.
Се очекува Аркадиуш Милик да се приклучи на тимските тренинзи во средината на декември и потенцијално да се врати на теренот во јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













