Максимално активно продолжуваат подготовките на ФК Кит Го во Анталија, каде фудбалерите на нашиот тим ја минуваат главната фаза од зимскиот подготвителен циклус.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е задоволен од досегашниот тек на подготовките истакнувајќи дека и првиот контролен дуел со романска Рипенсиа, и покрај минималниот пораз, ги донел очекуваните придобивки.
„Идеалните услови за работа ни овозможуваат комплетна подготовка согласно планот и програмата. Задоволен сум и како го одигравме првиот пријателски натпревар во кој доминиравме во поголемиот дел од мечот, но дозволивме погодок во самиот финиш. Во секој случај, остануваат пред нас уште натпревари низ кои треба да се темпира формата за стартот на пролетниот дел од првенството“ – вели Грнев.
Следниот противник на Кит Го на подготовките во Анталија е романскиот тим Универзитатеа Крајова 1948, дуел кој е закажан за петок (7. февруари).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski