
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за финалниот сегмент од Лигата на нации, натпреварите на домашен терен против Летонија и против Фарски Острови.
Целта се две победи, а репрезентативците се фокусирани на првиот предизвик, дуелот со Летонија в четврток.
Дефанзивецот Ѓоко Зајков верува дека Македонија уште еднаш ќе докаже дека е поквалитетна селекција од Летонците.
„Ја победивме Летонија на гости, но тие не се наивна репрезентација, затоа мислам дека мора да бидеме многу фокусирани во сите сегменти од играта, зашто само така ќе потврдиме дека претходниот триумф не бил случаен. Тактички сме одлично поставени, се подготвуваме исто како и за секој друг натпревар, па се надевам дека крајот на овој циклус ќе биде успешен за нас. Тренираме добро, владее позитивна еуфорија меѓу играчите. Добро е што двата натпревари ги играме пред нашата публика и се надевам дека ќе продолжиме со одличните резултати“, изјави Зајков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
