
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за финалниот сегмент од Лигата на нации, натпреварите на домашен терен против Летонија и против Фарски Острови.
Целта се две победи, а крилниот напаѓач Дарко Чурлинов вели дека нема поголема мотивација од настапот пред македонските фанови.
„Играме на домашен терен, тоа е огромна мотивација за нас. Ќе ги анализираме противниците и ќе се фокусираме на задачите од селекторот. Нема поголем предизвик од настапот за нашата репрезентација, сите веруваме во успех и добри резултати.
Натпреварите нема да бидат лесни, сите екипи денес се на исто ниво и сите знаат да играат фудбал. Мора да влеземе со максимална ангажираност, имаме голема самодоверба и сакаме на најубав можен начин да ја завршиме задачата, со две победи пред нашата верна публика“, изјави Чурлинов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
