Одличниот стопер на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, е цел на Реал Мадрид. Тимот на Карло Анчелоти копнее за стабилност во одбраната, а германскиот репрезентативец, 28-годишниот дефанзивец, би можел да биде решение за тој проблем.
Реал се соочува со повреда на Бразилецот Едер Милитао, па на тренерот Анчелоти му недостигаат опции во последната линија, која сезонава покажа многу несигурности.
Тах е висок 195 сантиметри и игра на позицијата централен одбранбен играч во формација со тројца во одбранбената линија. Тој е сигурен при излегувања и има 56 проценти освоени дуели по натпревар. Посебно е добар во воздушните дуели. Минатата сезона беше постојан член на првиот состав, кога Баер Леверкузен непоразен го освои германското првенство.
Оваа сезона има 17 настапи и еден гол, а проценет е на 30 милиони евра.
Евентуалниот ангажман на Џонатан Тах би бил преседан, бидејќи непишано правило е дека Реал не носи играчи во зимскиот трансфер период. Оваа политика се спроведува затоа што играчите донесени во зима немаат доволно време за воигрување со остатокот од тимот. За Тах е заинтересиран и Баерн, кој сака да го убеди да дојде на лето, кога му истекува договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













