
Онака како што ги почна подготовките, на супериорен начин фудбалерите на Брегалница со триумф и ја завршуваат својата двонеделна одисеја во Анталија. „Сините“ со победа од 2-0 (2-0) против казахстанскиот суперлигаш Кизилжар ги заокружија четирите тест дуели низ главниот подготвителен циклус. Претходно штипјани запишаа уште две победи и едно реми.
Во надмоќен натпревар на теренот на „Папилон“ во Белек, во кој избраниците на Добринко Илиевски комплетно доминираа низ сите 90 минути, победата беше обезбедена по само половина час игра. Најпрво во 23. минута погоди централниот дефанзивец Јован Манев, а веќе во 27. минута и Пепи Ѓорѓиев се запиша во листата на стрелците за конечни 2-0.
Во второто полувреме, по бројните измени во двата состави, резултатот остана непроменет. Илиевски и за денешниот пријателски натпревар не можеше да смета на повредените Анес Османовски и Дарко Додев, кои успешно се опоравуваат но со желба да не се ризикува без изоставени од тест дуелите.
Брегалница на натпреварот настапи во следниот состав: Талевски, Мирчевски, Стојчевски, Манев, Маневски, Бакрачески, Наумоски, Ацковски, М. Стојанов, Миленковски, Ѓоргиев. Во второто полувреме играа и: Давков, Рунтев, М. Ѓорѓиев, Цанев, Кудев, Д. Стојанов, Наумов, Цветков, Настевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
