Раководството на Баерн Минхен веќе започнало да бара долгорочен наследник на својот голгетер Хари Кејн, пренесува „Билд“. Иако договорот на Англичанецот трае до летото 2027 година и баварците се исклучително задоволни од него, во клубот веќе размислуваат за составот на екипата за идните сезони. Поради тоа, спортскиот директор Макс Еберл внимателно го следи пазарот на напаѓачи.
На врвот на списокот на потенцијални наследници се наоѓа напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. Баерн внимателно ги следи настапите на 26-годишниот Швеѓанец, кој постојано погодува за „лавовите“.
На „Алијанц Арена“ се свесни дека ќе треба да се натпреваруваат со Манчестер Јунајтед за неговиот потпис, а се очекува дека цената на играчот ќе изнесува околу 70 милиони евра.
Баерн, исто така, ги има на својата листа и напаѓачите на Лајпциг, Лоис Опенда и Бењамин Шешко. Белгиецот има ослободителна клаузула од 80 милиони евра, која стапува на сила во летото 2026 година, додека за Словенецот таа ќе изнесува 70 милиони евра.
Баварците покажуваат интерес и за голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, кој евентуално би можел да пристигне по крајот на сезоната. Меѓутоа, Египќанецот е посоодветен како опција за крилните позиции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski