
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, зборуваше пред денешното специјално за него гостување кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Шпанецот играше пет години за „црвените“, со кои ја освои најпрестижната европска клупска титула во 2005 година во епското финалe против Милан во Истанбул.
„Чувството е одлично да се вратам тука по неколку години. Секогаш е специјално. Се забележува развојот на клубот – новата трибина изгледа неверојатно. Нè очекува голем натпревар против Ливерпул, не може да биде подобро од ова. За жал, нема време за туризам – можеби ќе најдам малку време да трчам или ќе се прошетам. Градот го познавам многу добро, го сакам, но ќе се фокусирам на натпреварот и само на него“, изјави Чаби Алонсо.
Ливерпул е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов, со одличен состав и фантастичен тренер. Треба да играме најдобар фудбал и да бидеме заедно. Ако сме компактни и ја играме нашата игра со топката, тогаш имаме добри шанси. Со нетрпение го очекуваме предизвикот – да видиме што ќе се случи“, истакна тренерот на Баер Леверкузен.
Чаби беше логично доби прашање и дали бил блиску до тоа да го преземе Ливерпул откако беше објавено дека Јирген Клоп ќе замине минатата сезона.
„Видов дека бев поврзуван со тоа да го заменам Клоп, но во тоа време бев фокусиран на освојувањето на Бундес-лигата. Работевме само на тоа, не сум водел преговори со клубови“, заврши Чаби Алонсо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
