
Пелистер и Вардар ќе затворат 13.коло во Првата фудбалска лига. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, за првпат под рефлектори, ќе се одигра македонското Ел Класико, а посебен шарм треба да дадат и двете навивачки групи. Информациите говорат дека Комити со осум автобуси отпатуваа за Битола и треба да бидат дел од декорот.

Чкембари секако се подготвени, а билетите пламнаа и се очекуваат повеќе од 5.000 фанови.
Ова само треба да биде поттик повеќе и за фудбалерите на двете екипи да го дадат својот максимум. Пелистер и Вардар оваа сезона не блескаат, напротив, но сигурно имаат максимален мотив да освојат бодови на ова дерби.
Пелистер најавува атака на трите бода, но и Вардар сака да остане непоразен и барем малку да ја подобри својата ситуација. „Црвено-црните“ се наоѓаат на последното место на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal