Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонската фудбалска лига – Запад.
На 7. јули на Градскиот стадион во Тетово, воведниот натпревар ќе го одиграат екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна. На 10. јули на Градскиот стадион во Тетово, ќе се соочат екипите на ФК Чаклани и ФК Велешта.
Во последниот круг на 13. јули, исто така на Градскиот стадион во Тетово (ќе се одигра доколку има натпреварувачко значење), ФК Велешта ќе игра против ФК Фортуна.
На 10. јули на Градскиот стадион во Штип, бараж натпреварот за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток ќе го одиграат екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница.
Сите натпревари се закажани од 17 часот.
Екипите кои се дел од бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ се должни безусловно да ги спроведуваат насоките, препораките и мерките запишани во Протоколот во насока на заштита на здравјето на сите чинители во фудбалската игра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













