
Јувентус на вчерашниот натпревар против Лајпциг остана без стоперот Глеисон Бремер. Несреќниот Бразилец ги повреди предните вкрстени лигаменти и за него оваа сезона веројатно е завршена.
По повредата, „старата дама“ планира да реагира на трансфер пазарот и ќе се обиде да ангажира стопер како замена. Според медиумите блиски до „бјанконерите“, раководството на најголемиот италијански клуб ќе се насочи кон Серхио Рамос.
Легендарниот Шпанец има 38 години и е без клуб од јули, кога му истече договорот со Севилја. Иако официјално не се повлече од фудбалот, Рамос ги одби многуте понуди што ги имаше изминатото лето.
Сега Јувентус би можел да му ја понуди шансата која ја очекуваше. Очигледно е дека Рамос сака да замине во пензија на голем начин, а Јувентус е вистинската можност за тоа.
Иако е неколку месеци без клуб, Рамос не престанал да тренира. Тој е во одлична физичка форма и изгледа како „ѕвер“ дури и на 39-годишна возраст.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
